Tags:
Fiat за субкомпактните модели ќе ја употреби платформата на PSA

А што друго можеше да биде?

» Историјата го памети Fiat како големо име кога во прашање се малите автомобили, но отсега неговото место ќе го зеде Peugeot. Согласно плановите на веќе споените компании, идната генерација субкомпактни модели на Fiat ќе ја користи француската платформа. Иако веродостојно се претпоставуваше, оваа одлука сепак непријатно ги изненади добавувачите на FCA, но не и купувачите – тие веќе предолго чекаа на нешто суштински ново од својата омилена марка. Платформата на PSA досега беше предвидена за Peugeot 208 и 2008, Opel Corsa и Mokka и DS 3 Crossback. Сите тие имаат и електрични варијанти. Планот на Fiat е да произведува по 400.000 возила годишно базирани на оваа платформа во својата фабрика во Полска, каде сега се произведуваат Fiat 500 и Lancia Ypsilon.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *