Омразениот автомобил на Мистер Бин
» Британската компанија Reliant ја комплетираше финалната серија на моделот Robin. Во чест на 65-годишното производство на автомобили со три тркала беа направени 65 примероци кои по цена од 10.000 фунти се распродадоа за неколку недели. Сите беа во златна боја и доста луксузно опремени – со кожен ентериер со дрвени инсерти, скап аудио систем и алуминиумски тркала, а ги задвижуваше четирицилиндричен мотор од 848 cm³ со 40 коњски сили. Тежеше 398 килограми, постигнуваше максимални 128 километри на час и трошеше само 3,1 литри гориво на 100 километри.