Предводејќи ги технологиите
» На денешен ден 1933 година Audi го претстави првиот европски шестцилиндричен автомобил со погон на предните тркала. Беше наречен Front Typ UW, што е кратенка од Umgekehrter Wanderer (во превод обратен Wanderer) бидејќи имаше мотор од моделот Wanderer W20 со задни погонски тркала кој беше свртен за 180 степени и поставен зад предната погонска оска. Развиваше 40 коњски сили и можеше да постигне 100 km/h. Се произведуваше до 1938 година, до кога беа направени само околу 4,5 илјади примероци. Колку за информација, во тоа време Audi имаше пазарно учество во Германија од само 0,1 отсто.