113 години од најпозната тркачка патека во САД
» После години планирање, Карл Фишер заедно со уште тројца имотни партнери на денешен ден ја основаше Indianapolis Motor Speedway Corporation. За 72.000 долари беше купена фармата Пресли оддалечена само 8 километри од центарот на Индијанаполис, каде во март започна изградбата на модерна тркачка патека, на која веќе во август се одржаа првите трки со мотоцикли и автомобили. Оригиналната камена подлога се покажа преопасна и патеката беше поплочена со цигли, од кои еден метар и ден-денес на наоѓаат на патеката низ боксовите на стартно-целната рамнина. Вистинската слава започна да пристигнува во 1911 година со најдолговечната и со награди најбогата трка во Америка, 500 милји Индијанаполис.