Внимавајте, апаши има секаде
» Приказната зад овие фотографии започнува во моментот кога еден либански бизнисмен кој неколку месеци престојувал во Грција требал да направи сервис на својот над 300.000 евра вреден Lamborghini Huracan. Нормално, се одлучил тоа да го стори таму, но утрото кога од елитното атинско предградие Глифада каде престојувал во закажаниот термин требал да тркне до сервисот, имал што да види – локалните апаши кои очигледно се разбираат во автомобилите во текот на ноќта не само што му ги украле сите четири тркала, туку од предните, „стручно“ со сечење на хидрауличната инсталација му ги извадиле уште и дисковите и клештите на сопирачките. Штетата се проценува на 40.000 евра, но големо прашање е каде апашите ќе го продадат тоа што го украле.