Преломна година за Tesla
» Ако досега слушавме дека Tesla и покрај огромните проценти на пораст не остварува профит, сега вестите се поинакви – калифорнискиот производител на електрични возила кој сега е од Тексас извести за рекордни бројки остварени минатата година, како во порастот на продажбата така и во профитот. Да започнеме со второто, кое според Елон Маск ја прави 2021-ва преломна година бидејќи компанијата што тој ја предводи регистрираше драстично поголема заработувачка која се искачи за луди 665 проценти, на 5,5 милијарди американски долари, до кои се стигна со зголемување на приходите за 71%, на 53,8 милијарди долари. Но и покрај ова, акционерите на компанијата која првата заработувачка ја забележа поланската 2020 година заради што и нејзиниот пораст е енормен, не се задоволни. Тие му забележуваат на Маск, кој како знаеме е најголем акционер на Tesla, дека не се доволно ангажирал околу лансирањето на новите модели кои се најавени – пикапот Cybertruck и компактниот хечбек од 25.000 долари. Но и без нив лани се испорачани 936 илјади возила, скоро два пати повеќе од 2020-тата…