Тешко на поштарите!
» На денешен ден 1795 година официјално започна изградбата на најдолгата улица во светот. Улицата Јонг се наоѓа во Канада и започнува од пристаништето во Торонто и поминувајќи низ Големите Езера завршува после 1.896 километри. Да добро прочитавте – нејзиниот крај е скоро на средината на северноамериканскиот континент, на границата на Онтарио и Минесота, но бидејќи после 56-тиот километар продолжува како автопат, нејзиниот статус на најдолга улица во светот во 1999 година е избришан од гинисовата книга на рекорди.