Кој ќе ја сфати логиката?!
» Регулаторната комисија за енергетика работи според прецизни и јасно дефинирани критериуми кога ги формира цените на горивата, но понекогаш нималку не е ниту прецизно ниту јасно како се дефинираат. Така е и сега кога бензинот поевтини за 1,50 а дизелот поскапе за 0,50 денари. Зошто е така напишано е во образложениено на регулаторната комисија, но ние немаме намера, барем не сега, да ве заморуваме со читање и анализа на процентите – она што треба да го знаеме е дека од ноќеска среде ноќ за литар еуросупер БС-95 ќе плаќаме по 75, за литар еуросупер БС-98 по 77 а за литар БС Д-Е V еуродизел по 68 денари.