Сакате електричен Megane? Застанете во ред!
» Додека кај другите производители поминуваат по две или три од најавите и покажувањето на концептите на идните електрични модели до почетокот на нивната продажба, кај Renault сето тоа малку побргу се одвива – францускиот производител веќе ја отвори книгата за нарачки за Megane E-Tech во Европа, барајќи само 100 евра за резервација. Агресивниот настан не треба да изненади бидејќи Renault веќе има солидно искуство на ова поле, но и сериозна решеност што побргу да тргне напред.
Овој модел кој треба да ја најави идната ера на моделите на Renault нема ништо заедничко со својот истоимен колега со мотори со внатрешно согорување. Колку ќе чини допрва ќе дознаеме, секако пред март идната година за кога е планирано да започнат испораките.