Најубавото дело на Валтер де Силва
» На салонот во Франкфурт 1997 година беше претставена Alfa Romeo 156. Овој автомобил во кој беа вткаени спортското и инженерско наследство на марката беше пречекан со воодушевување – ја освои титулата „Автомобил на годината“ во Европа, по која следеа уште 35 други признанија. Неговите чисти линии спакувани со италијански стил го прославија дизајнерот Валтер де Силва и придонесоа за значително подмладување на марката. Се произведуваше 10 години во Италија и Тајланд, за кои беа направени околу 680.000 возила. Беше омилена меѓу италијанските сили на редот од сите видови – разните полиции, карабинерите и други.