Уште да има кој да ги купи…
» Етиопската компанија Bazra Motors објави дека со AvtoVAZ планираат локално производство на автомобилите на Lada во оваа сиромашна источноафриканска држава. Желбите ја опфаќаат целата гама – Granta, Vesta, XRay, Largus, Niva Travel и Niva Legend, кои само ќе се монтираат од компоненти и склопови произведени во Русија. Се планира во првата фаза од фабричките погони да излегуваат по 5.000 автомобили годишно, бројка која во наредните пет години треба да се удвои. Иако изгледаат скромно, овие планови се всушност многу амбициозни, бидејќи во Етиопија која има 118 милиони жители лани се продадоа едвај 1.300 нови автомобили, додека во најдобрите времиња нивниот број не се искачил над 4.000 годишно. Треба да се знае и дека истата компанија веќе има договорено производство на 3.000 возила годишно од моделите на UAZ.