Жална слика
» Веста не е нова, од 2015-та е, а не е ново ниту тоа дека оттогаш досега ништо не е сменето и дури и после 6 години скоро три илјади возила BMW и Mini тогаш вредни 150 милиони долари скапуваат на една ливада во близината на Ванкувер во Канада. Жалната ситуација што ја гледате на сликите настана како последица на едно силно невреме токму во моментот кога автомобилите, точно 2.966 на број, се претоварале од брод на железница и камиони. Тогаш, по извршената контрола, канадските власти утврдиле дека тие биле премногу изложени на штетното влијание на морската вода заради што заради опасноста од електрично искрење на инсталациите, е забрането да се пуштат во продажба додека не се санираат сите оштетувања, што практично значеше враќање на возилата во фабриките во кои се произведени. Место тоа, канадската филијала на BMW ги остави на оваа ливада без да им ја одреди понатамошната иднина, а очигледно и ги заборави, без разлика што таму лежат и скапи примероци.
Навистина жално.