Tags: ,
На Land Cruiser ќе се чека и до 4 години!

Трпение, молам!

» Освен пари, купувачите на новата генерација на Toyota Land Cruiser мора да имаат и многу трпение бидејќи неговите испораки се комплицираат. Имено, уште пред неговото лансирање јапонскиот производител најави можност на некои негови верзии да се чека и до една година, главно заради големиот интерес. Доказот дека навистина ќе биде така пристигна многу бргу бидејќи за две недели Toyota доби 21.500 нарачки само од Јапонија, а беа планирани да се продаваат по 5.000 примероци годишно. Сега пак, кога ситуацијата со недостатокот на чипови и други делови и репроматеријали се влоши, термините за испорака значително се продолжија. Но непрекинато се продолжува и листата на чекање за Land Cruiser, така што најновите вести од земјата на изгрејсонцето наведуваат дека се прогнозира таа да се растегне и до четири години за ZX и GR Sport верзиите.

Освен во Јапонија, слична е ситуацијата во сите азиски земји и во Австралија, додека Европа и САД го немаат овој проблем бидејќи Land Cruiser J300 на овие пазари нема да се продава.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *