И E-класата на Mercedes стана електрична
» Кој ќе се најде во Минхен наредните денови ќе може во живо да го види новиот германски седан EQE. Кој не, тука се видеата од електричниот пандан на E-класата што Mercedes ни ги сервираше. Налик на луксузниот EQS, и овој модел има купеовски дизајн и аеродинамична силуета. Напредни технологии не недостасуваат, а на електричното мени засега е само една погонска верзија со 292 KS и батерии од 90 kWh и автономија од 660 km. Производството ќе започне на средината на идната 2022 година во фабриката на Mercedes во Бремен. За понатаму се планирани и други верзии со моќност до 680 коњски сили. Цените не се споменуваат.