Се надминаа ли проблемите?
» Првиот човек на Tesla, Елон Маск, после посетата на Германија најави дека во октомври од гигафабриката ќе излезе првиот автомобил. Таа е во финална фаза на градба, но сé уште не се обезбедени сите дозволи за да може да започне со работа. Проблемите ја следат уште од самиот почеток – најпрво со самиот избор на локацијата која се наоѓа во еколошка зона и некомплетната документација, потоа следеше стопирање на работите заради влекачите кои токму таму имаа живеалишта, па обвинувањата за искористувањето на работниците на кои не им се плаќала прекувремената работа, игнорирањето на мерките за спречување на ширењето на коронавирусот… И сето тоа поединечно проследено со бројни инспекциски контроли, политички дебати во локалната самоуправа, протести и што уште не. На крај сепак се чини дека сé (или скоро сé) е под контрола и дена наесен треба да се очекува овој важен за Tesla производствен капацитет да започне со производство на возила.