» , ,
Пристигнува уште помал Jeep

Ќе има и електрична верзија

» Синергијата меѓу брендовите на Stellantis на љубителите на Jeep ќе им донесе теренец помал од сега најмалиот Renegade. За него всушност се зборува веќе три години, далеку пред PSA и FCA да го најават здружувањето, но сега е јасно дека од крајот на идната 2022-ра ќе се произведува во фабриката на Fiat во Полска. Механичката основа ќе ја најде во CMP платформа на групата која може да прима класични и електрични погонски групи. Иако со тоа доста работи се конкретизирани, детали за овој мал теренец малку се знаат – не е познато ниту неговото име. Но тоа не ги спречи колегите од Auto Express да претпостават како би изгледал.

Испрати коментар

Вашата е-мајл адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *