» , ,
Peugeot 504 Coupe и Cabriolet (1969-1983) – видео

Вечна убавина

» Посебни автомобили за посебни луѓе – така најлесно може да се дефинираат купе и кабриолет верзиите на Peugeot 504. За да ја остварат својата замисла, Французите се обратија на Pininfarina. Италијанските дизајнерски велемајстори на семејниот 504 му подарија елегантни линии кои како магнет ги привлекуваа погледите во таа 1969 година кога беа претставени. Во налетот на занос Peugeot заборави да го заокружи пакетот со мускулест агрегат што беше исправено дури пет години подоцна со 2,7 литарскиот V6 со 136 коњски сили. Тоа што трошеше 18 до 20 литри на 100 километри заради што и резервоарот му беше зголемен на 84 литри воопшто не го помати сјајот на француските бисери, кои издржаа во производство до 1983 година. Вкупно беа направени 22.375 купеа и 8.188 кабриолети.

Испрати коментар

Вашата е-мајл адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *