» ,
Toyota против трговците со оружје

Land Cruiser не е за секого!

» Теренците на Toyota глобално се познати по својата издржливост во најтешки услови, меѓу другите и во воени дејствија. За жал нив ги користат и „лошите“. За колку-толку да го спречи ваквиот негативен публицитет, раководството на Toyota одлучи на купувачите во Јапонија да им ограничи да не можат да го препродадат својот нов Land Cruiser првата година. На тој начин се спречува ова врело парче автомобилски метал преку трговците со оружје да стигне до политички нестабилните подрачја, од каде преку фотографии и видео снимки ќе ја прикажува воена моќ на тамошните гарнитури. Дека не се работи за каприц нека посведочи досегашната бројка од 22.000 продадени примероци на новиот Land Cruiser J300 во Јапонија, при што еден купувач можеше да купи само еден примерок од него.

Испрати коментар

Вашата е-мајл адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *