Tags: , ,
49 години Zastava 101 (4*видео)

Југославија имаше среќа

» Благодарејќи на добите врски на Југославија и Италија, како и на Zastava со Fiat, граѓаните на поранешната држава беа во можност да добијат практичен дериват на сосема новиот 128, кој претставен само две години порано веднаш ја освои титулата „автомобил на годината“ во Европа. Неговата современа механика интересно беше надградена со петтата врата, варијанта која не им се допадна на надлежните во Fiat, но сосема добро се вклопи во барањата на купувачите на овие простори. И не само на нив – 101 беше првиот автомобил од Југославија кој масовно се извезуваше – од Франција, Велика Британија и Грција до Аргентина и Јужна Африка, а едно време се монтираше и во Полска. Заради Peugeot не можеше да се извезува како 101, па се користеа алтернативни ознаки – Zastava 1100, 511 и други.

Практично неизменета се продаваше 37 години – последниот произведен примерок се симна од монтажните ленти во 2008 година, а вкупно беа направени 1.045.258 примероци.

коментари:

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *