Некои го обожаваат, за други е ноќна мора
» Како замена за веќе остарената Zastava 750, Yugo настана во 1980 година и веднаш стана култен југословенски автомобил. Механички но не и дизајнерски беше доста сличен на Fiat 127, европскиот автомобил на 1972 година. Додека беше во фаза на развој беше нарекуван Zastava 102, но се појави како Jugo. Предностите што ги имаше во 1985 година ги забележа американскиот бизнисмен Малколм Бриклин, со чии сугестии беше создаден моделот за извоз во САД. А Yugo таму на почетокот направи вистински бум, но еуфоријата набргу спласна и овој автомобил започна да служи за потсмев. Со тоа сигурно нема да се сложат бројните купувачи во Југославија, но и во Германија, Франција, Полска (каде дури и се монтираше), Велика Британија, Холандија, Грција и други европски земји, а успеа да стигне и во Чиле, Еквадор, Нов Зеланд, Египет, Канада…
Почетокот на деведесеттите беше почеток и на вистинското опаѓање во квалитетот заради неможноста да се соработува со бројните добавувачи од другите републики, но Yugo како неопходна потреба за српскиот пазар остана во производство сé до 11 ноември 2008 година, а да не се склучеше договорот за влез на Fiat во Крагуевац, сигурно ќе се произведуваше уште. За 28 години беа направени точно 794.428 примероци.
коментари: