Храбар чекор на Opel, доколку се осмели
» Сé почесто и сé повеќе се зборува за новата Astra, која Opel треба да започне пазарно да ја лансира од наредниот месец. Веќе се познати петвратната и караванската верзија, а се знае и дека нема да има тривратна изведба. Сигурно нема како некогаш да биде понудена и во купе и ниту кабриолет варијанта, но затоа пристигнувањето на електричната верзија е најавено за 2023 година. Но покрај неа, силно се шпекулира дека се подготвува и кросовер верзија која освен со зголеменото растојание од подлогата ќе привлекува и со поагресивниот изглед базиран на караванот. Оваа верзија која наводно се развива под кодната ознака OV54 ќе биде директен ривал на Volkswagen Golf Alltrack и Ford Focus Active Wagon. Opel со Insignia Country Tourer веќе има искуство со лансирањето вакви изведби – прашање е само дали сега ќе се осмели да го повтори и со Astra.
* Фотографиите се користени само за илустрација и немаат никаква врска со евентуалниот модел за кој зборуваме.