Казнените поени во возачките дозволи ги откриваат тајните
» Германците велат дека најмногу казнени поени во возачките дозволи имаат запишано сопствениците на Audi. До овие податоци е дојдено со анализа на договорите за осигурување на возилата, врз основа на кои е заклучено дека оние кои возат A6 Allroad Quattro се најагресивни во кршењето на прописите, со 96 отсто повеќе казнени поени од просекот. Следат оние со A5 со 66 отсто, а големо изненадување се сопствениците на Škoda Superb кои имаат 57 отсто повеќе казнени поени отколку просечниот германски возач. На четвртото место е BMW од серијата 5, а Mercedes CLK е пети. Меѓу останатите од првите десет се и Audi TT, A6 и Q5, BMW серија 3 и покрај Superb вториот странски автомобил Volvo V70.
Колку за појаснување, осигурителните компании во Германија при пресметувањето на премијата за задолжително осигурување на возилата земаат повеќе фактори, меѓу кои и казнените поени што ги има возачот. Тие овие податоци ги добиваат од сопствениците, кои во случај да излажат и предизвикаат несреќа ги чека непријатно изненадување.