PSA со контрамерка против европските анти-монополисти
» Во јули Европската комисија привремено го запре административниот процес за одобрување на спојувањето на PSA и Fiat Chrysler заради сомнежите дека со тоа во 14 земји на ЕУ ќе се наруши конкурентноста на пазарот во класата лесни доставни возила и на компаниите им даде три месеци рок да достават ревидиран проект. Непосредно пред истекот на рокот, Французите до европските анти-монополисти доставија предлог кој може различно да се толкува. Според него, PSA и понудила на Toyota поголеми квоти и пониски цени за производство во фабриката Sevel Nord на моделот Peugeot Expert/Citroen Jumpy/Opel Vivaro, кој Јапонците го продаваат под својата ознака ProAce.
Органите на Европската комисија која досега позитивно оцени 14 точки од барањето за издавање одобрување за спојување на двете компании, нема поставено рок до кога треба да одлучи за новиот предлог на PSA и FCA, каде сепак очекуваат целосно финализирање на административната процедура во првиот квартал од 2021 година, како што беше претходно поставено. Одлуката сега е во фаза кога ќе се побараат повратни информации од клиентите и ривалите пред да се донесе позитивно мислење или пак да се побараат уште поголеми отстапки.
коментари: