Сега бензинот поевтинува, дизелот не
» Согласно едноставната но прецизна математика на регулаторната комисија за енергетика, оваа недела кај нас бензинот поевтинува, а дизелот не. Во образложението што го објавија се вели дека заради намалувањето на референтната цена на бензинот на светскиот пазар во споредба со изминатиот седумдневен период во просек за 2,572% и на дизелот за 2,001%, но и истовременото зголемување на курсот на доларот за 1,215%, од ноќеска среде ноќ за литар бензин ќе плаќаме по половина денар помалку, а за литар дизел исто како и досега. Во пари изразено тоа значи дека литар еуросупер БС-95 ќе нé чини 74,50 денари, литар еуросупер БС-98 по 76,50 денари, а литар еуродизел БС Д-Е V 66,50 денари.