Казна и пајак за кој паркира а не полни
» Од оваа сабота во Хрватска стапува на сила нов закон за безбедноста на сообраќајот кој на современ начин регулира некои нови трендови – еден од нив е и паркирањето на местата за полнење електрични возила. Ги има и кај нас и на нив треба да паркираат само електрични или плаг-ин возила и тоа само додека се полнат. Но, не е така – возачите ги користат кога во близина нема друго слободно место, а некаде и кога има ако паркирањето на нив не се наплатува што е чест случај во Хрватска. Затоа законодавците таму решија ваквото снаодливо паркирање да се третира како и секое друго на место на кое тоа е забрането, што значи казна и пајак. Паричната казна изнесува 300 куни, а услугата на пајакот варира од град до град и може да се движи до 500 куни. Заедно, тоа е нешто повеќе од 100 евра.