Освежување место пензија
» Претставена 2014-тата, Mazda2 веќе е зрела за пензија, но Јапонците уште не мислат да ја заменат со помодерен модел. Доказ е најавеното обновување кое опфаќа повеќе ставки – од солидното подобрување на опременоста (распоредени во повеќе пакети), преку унапредената ефикасност до модификуваните системи за ослонување управување и, секако, малку зголемената цена. Најголемата измена е повторното воведување на 115-коњскиот SkyActiv-G мотор, кој се надоврзува на досегашните 75 и 90-коњски агрегати кои остануваат во понудата. Сите верзии стандардно имаат навигација, темпомат, Bluetooth и клима уред, а двете посилни варијанти и благ хибриден систем. Купувачите можат да бираат меѓу 12 бои, а кој сака верзијата со 90 KS може да ја добие и со автоматски менувач. Обновената Mazda2 во продажба ќе се најде од 1 октомври.
Ова обновување на Mazda2 изненадува бидејќи се очекуваше таа да биде заменета со хибриден модел базиран на новата генерација на Toyota Yaris.