После Stelvio и Tonale, следи Brennero
» Додека се чека Tonale, ќе биде готов и третиот SUV на Alfa Romeo, за кој се шпекулира дека ќе се вика Brennero. Досега неколку пати индиректно потврден од упатените во плановите на марката, официјално за него се знае дека е планиран за покажување во 2022 година и дека ќе има целосно електрична верзија, а сега се дознава и дека би можел да биде претставен на тукушто потврдениот салон на автомобилите во Женева идната година. Како уводен модел во гамата тој ќе се произведува во фабриката на Stellantis во Полска, заедно со SUV моделите од Б-сегментот на Fiat и Jeep, почнувајќи од втората половина на 2023 година. Ќе биде поставен на CMP платформата на PSA која ја користат Peugeot 2008 и Opel Mokka и реално е да се очекува дека ќе има перформанси слични или подобри од нив.