И тоа го имало!
» Големата популарност на малата Isetta која BMW ја дигна до небеса резултираше со нејзино производство и во други земји. Една од нив беше Велика Британија, каде во 1957 година беше отворен погон кој остана запишан во историјата бидејќи до него не водеше никаков пристапен пат бидејќи се работеше за поранешен железничка работилница и деловите до него и комплетните возила од него беа превезувани со воз. Тоа сепак не беше причина компанијата успешно да опстои до 1964 година до кога беа направени преку 30.000 возила, кои беа прилагодени за британскиот пазар, најпрво со сместување на управувачот од десната страна, а потоа и со исфрлање на едно задно тркало со што британската Isetta како трицикл стана возило од друга категорија за кое се плаќаа помали давачки и за кое беше потребна возачка дозвола за мотоцикл. За успешното работење на компанијата сведочи и извозот што го имаше во скандинавските и земјите од Комонвелтот, посебно во Канада, Нов Зеланд и Австралија.