Југословенски Ferrari
» Ви изгледа ли ова како добро криен таен проект на Zastava од осумдесеттите години? Приказната за овој модел наречен 5700 Iso вели дека има 5,7 литарски V8 мотор од Ford со 400 KS со кој постигнува 290 km/h и дека е направен по лиценца на непостоечката компанија Fiat Iso Autoveicoli S.p.A., а зад неа стои Словенецот Андреј Троха кој своето 20-годишно искуство со компјутерскиот дизајн го преточил во овој проспект за југословенскиот Ferrari.
Секоја чест за вештината!