Tags: , ,
Nobe 500: Огнено скапо

Нека им е со среќа!

» Компанијата Nobe од Естонија пред пар години веќе го сврте вниманието на јавноста кон себе со автомобилчето со три тркала 100GT (десно на сликата), но пожарот кој се случи во погоните во кој изгореа и два од трите направени прототипи ги закочи плановите. Новиот почеток сега се одбележува со уште еден потенцијален модел со ознака 500, дури и поинтересен од претходниот. Налик на ретро мини-пикап од педесеттите, јасно укажува дека е направен да ги шармира американските купувачи. Тоа ќе го стори со карбонската шасија и електропогонот од стотина коњски сили напојувани од батерии од 25 киловат-часа, за кои велат дека ќе издржат да го задвижуваат повеќе од 250 километри. За впечатокот да биде комплетен инструментите се аналогни а управувачот старински тенок и голем, што заедно со импулсивните перформанси треба да ги маѓепса купувачите.

Којзнае, можеби и ќе успее бидејќи Естонците кои имаат дебели амбиции кон американскиот пазар само така ќе може да го продадат по цена која сигурно ќе биде доста повисока од најавените 25.000 долари за џивџанот со три тркала 100GT. Точно колку ќе чини ќе дознаеме налето идната година, кога, ако во меѓувреме имаат инсталирани противпожарен систем во погоните, треба да започне да се произведува и тоа во количини од 50.000 примероци годишно.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *