Има поминато само 9 километри!
» За наредниот понеделник во Париз е планирана интересна аукција – на продажба ќе се најде Citroen 2CV Charleston од 1990 година со само 9 km на бројчаникот. Дури и воздухот во пневматиците е од тоа време! Оваа вистинска посластица за колекционерите се очекува да постигне цена меѓу 50 и 70 илјади евра. Доказ дека е автентичен е и тоа што воопшто нема дупки за регистарска табличка. Се зборува дека е сопственост на трговец со автомобили од САД, кој на времето купил 30 примероци од оваа последна серија на Спачек, од кои 27 продал, а 3 задржал. Овој треба да биде еден од нив.