Се извинувам, каде е тука лево?
» Не е време на карневали, ама очигледно во Бразил нив почесто ги има отколку што мислиме. Доказ е снимката од Mercedes-Benz Challenge трката на патеката Интерлагос на која една Бразилка туристички си се провози со своето Mini барајќи некој да праша каде е тука лево, бидејќи се изгубила. Како, и нејзе не и е јасно – таа само знае дека учествувала на драг-трка веднаш до главната патека после која, место каде треба, се нашла таму каде ја гледаме, и ние, и цел свет бидејќи се пренесуваше на телевизија.