Tags:
Се прелева ли зонското паркирање во Карпош?

После Карпош 1 треба да следи и Карпош 2

» Ќе се решаваат ли проблемите со паркирањето на возилата во Општина Карпош со зонско паркирање? За овој горлив проблем кој создава маки и на граѓаните кои треба да се движат по тротоарите и меѓу паркираните возила, и на жителите кои немаат каде да ги паркираат своите возила и на возачите кои од било која причина доаѓаат во општината, пред две години беше спроведена анкета меѓу жителите на Карпош 1 и Карпош 2 на која тие требаше да се изјаснат за или против зонското паркирање во своите населби. Идејата беше дека паркирањето да биде бесплатно за најмногу по три возила за оние кои живеат таму, а за организација на паркирањето да биде задолжено јавното претпријатие Градски паркинг. Очекувано, граѓаните од овие населби се изјаснија позитивно во голем број, но оттогаш сé досега нивната желба не е реализирана. Дали тоа сега ќе се случи?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *