Голем спојлер и три издувни цевки
» После седанот во април и хечбекот во јуни, сега на ред е Type R верзијата на најновата 11-та генерација на Civic. Неа Honda со пар маскирани фотографии ја најави за идната 2022 година, не кажувајќи што ќе има во носот – се шушка за некои 400 хибридни коњски сили, ама… Сепак за да се задржи возбудата доволна е самата најава за обичниот Civic дека ќе го подигне нивото во компактната класа во поглед на стилот, перформансите, безбедноста и напредните технологии.