Bugatti тргна во иднината на хрватски начин
» И официјално, компанијата Bugatti Rimac стана реалност само четири месеци после најавата на големата соработка. Во неа хрватскиот производител на електрични суперавтомобили Rimac поседува 55 а Porsche 45 отсто од акциите, а ќе ја предводи Мате Римац. Тој воедно ќе остане извршен директор и на Rimac групата, а ќе ја води и нејзината нова технолошка дивизија. Седиштето ќе биде во хрватската Света Недела, каде се гради и најавениот за 2023 година Rimac кампус од 200.000 m² и 200 милиони евра. Во новата компанија ќе бидат вработени 435 луѓе, од кои 300 во Хрватска а 135 во Молсајм, Франција. Rimac и Bugatti ќе продолжат да работат како посебни марки, задржувајќи ги своите производствени погони и дистрибуциски канали.