Камелеон
» Ако BMW iX досега го знаевме како врвен електричен SUV, на сите карактеристики што ги има сега е допишана уште една – може да ја менува бојата. Токму таков автомобил Баварците покажаа на саемот за потрошувачка електроника CES во Лас Вегас. Засега само прототип во дебела развојна фаза, брзото и атрактивно менување на бојата, во случајот од бело во сиво, отвора можности за кои сега не може да се најде функционална причина за нејзина примена. Многу идеи можат да паднат на памет, но доволно е само една да биде издржана за оваа технологија да го најде патот до купувачите. Тој сигурно нема да биде краток бидејќи засега постојат ограничувања – првите вести велат дека надворешниот лак на автомобилот е премногу чувствителен на температурата, заради што BMW во Лас Вегас во резерва скришум чувал уште еден ист таков.
Германците засега не кажуваат ништо за тоа како функционира менувањето боја, освен дека тоа се прави со едноставно притискање на копче во кабината. Како изгледа, погледнете во видеото.