Три метри широчина и ѓаволска насмевка
» Прво што ќе ви падне на ум кога ќе го видите Volkswagen Lamando 5XL е дека е направен во фотошоп, но не е така – со своите скоро три метри тој навистина е најширокиот автомобил во светот. Како основа послужи моделот Lamando L кој е кинеска верзија на Jetta со малку поспортски шмек и продолжено меѓуоскино растојание за повеќе простор за патниците назад. Но на неговиот сопственик тоа не му било доволно и решил и да го прошири – на скоро три метри. Така Lamando, сега со ознака 5XL, има осум седишта. А што ќе му се, веројатно ни тој самиот не знае.