На дружење со автомобилските експерти
» Во еден од урбаните локали на градот, Каза Бар во Дебар маало, денес се одржа пријатно претпладневно дружење по повод пристигнувањето на новата Opel Mokka во Македонија. Поврзувајќи го модерното и стилското со антитрадиционалното, новиот модел беше претставен во својата Black Perla Nera комбинација на бела боја со црвено-црни елементи кои ги истакнуваат стилските линии на најновиот модел во гамата на брендот. Автомобилските експерти имаа можност да се запознаат одблиску со новата Opel Mokka и да посведочат на драстичните промени кои успешно ги има воведено брендот во овој нов модел. Почнувајќи од платформата врз која е базирана и поставена каросеријата на моделот па сé до внатрешниот ентериер кој што доби целосен дигитален детокс, носејќи го искуството при возењето на ново ниво – дополнително засилено со уникатни комбинации на ткаенини, елементи за декорација и внатрешен покрив што одговара на вашиот стил.
Секоја линија, од самоуверената силуета на SUV до силниот графички идентитет, зборува за самодоверба, изразен стил и најнова германска технологија. Мокка има непогрешливо смел став, возило што се издвојува од толпата со самоувереност и индивидуален стил. Како и да гледате на неа, во Mokka ќе најдете смел избор на дизајн и прогресивни карактеристични акценти. Од погонот па сѐ до извајаните задни Eco-LED светла кои хармонично го реплицираат препознатливиот визир. Mokka не наликува на ниеден друг автомобил на патот, а вие можете да го персонализирате вашето индивидуално присуство на патот со вашиот избор на опции за покривот и хаубата. Овој модел може да се нарача и во електрична верзија.
„Новата Mokka е забавна, ефикасна и иновативна. И со право го носи слоганот ‘помалку нормално. Повеќе Mokka’. Овој модел го комбинира елегантното и чистото визуелно искуство со моќната експресивност. Секој детаљ на новата Mokka е внимателно креиран и осмислен така да се допадне на потенцијалните клиенти уште по првиот поглед. Се надеваме дека овој модел ќе им се допадне на клиентите и дека ќе предизвика во нив емоции кои дизајнерските експерти ги предвиделе при креирањето на истиот“ – изјави Кирил Воиновски, генерален директор во Еуроимпекс. Доколку сте подготвени да искусите предизвикувачки, современ стил, кој возењето го издигнува на едно сосема ново ниво, обратете се кај овластените дилери – Аутомакедонија од Скопје и Ауто Цем од Тетово, или кај генералниот увозник за Opel, Еуроимпекс од Скопје.