Дитер Цече не сака да се врати во Daimler
» Во изјава дадена лично од него на германските медиуми, Дитер Цече рече дека не сака да стане претседател на надзорниот одбор на Daimler. Тој како извршен директор го предводеше германскиот производител од 2016 година до лани, кога се пензионираше на 66-годишна возраст. Тогаш му беше оставена можност после законски определениот рок од две години да се врати на највисоката позиција во компанијата, што на почетокот беше и негова желба. Во меѓувреме за да го скрати чекањето, тој стана претседател на германската туристичка група TUI, која од почетокот на пандемијата бележи опаѓање на приходите за 98%. Така, сакал Цече или не, мораше да го живее пензионерскиот живот што нему очигледно му се бендиса. Тој сепак како причина за одбивањето на понудата од Daimler наведе дека по 40 години работа не му треба некои да не го сметаат за предност туку како товар, алудирајќи на противењето на некои акционери на неговото враќање во компанијата.
Така, на Daimler не му остана ништо друго освен да ја прифати одлуката на Цече со голема почит, како што изјави портпаролот на компанијата.