Сега на струја
» Можеби ќе нема ретро изглед на неговиот претходник ама сигурно ќе ги има „летечките“ врати кои се отвораат нанагоре. Ќе биде електричен но нема да може да патува низ времето, барем не во минатото. Новиот DeLorean кој се очекува оваа година сигурно ќе има уште некоја футуристичка одлика со која ќе го оправда носењето на името на неговиот култен претходник со кој нема ама баш никаква врска. Информации што, зошто и како – нема. Го имаме само ова видео објавено од компанијата што го најавува но и од Italdesign што можеби нешто значи, а можеби и не, бидејќи таа го создаде оригиналот.