Одраз на традицијата и богатата историја
» Историјата на Aston Martin датира од раните години на дваесеттиот век, а историјата на логото од малку подоцна, кога компанијата ги направи првите автомобили. Првобитното лого беше потполно поинакво од она што ни е познато.
1921
Оригиналниот амблем на Aston Martin нема допирни точки со традиционалните крилја – се состои од поврзани букви А и М сместени во круг. Ова лого се користеше шест години.
1927
Првата итерација на крилјата Aston Martin ја доби 1927 година кога се промени сопственичката структура на компанијата. На амблемот со бронзен финиш името на марката беше испишано целосно.
1930
Три години подоцна Aston Martin доби ревидирани крилја, сега во сребрен финиш со поизразена V-форма и освежен натпис.
1932
И ова лого кратко траеше – сериозните промени веќе во 1932 година ѝ го дадоа сегашниот изглед на култната крилеста ознака на марката. Финишот беше златно-бронзен а натписот Aston-Martin сместен во кафеав правоаголник.
1939
Модернизацијата од 1939-тата на логото му донесе сребрно-црна комбинација. Помодерните букви од него се користеа скоро половина век.
1950
После деценија преполна финансиски тешкотии, Дејвид Браун го купи Aston Martin. Една од првите направени промени кои следеа беше додавањето на името во логото проследено со негови стилски корекции, а беше исфрлена и цртичката.
1971
Две децении подоцна логото на Aston Martin доби понадмен изглед со промената на колоритетот во златно-црни нијанси, со што повторно беше означено гравитирањето на марката кон полуксузниот аспект.
1972
За разлика од претходното, ова лого траеше кратко – заради промената на сопственикот натписот David Brown беше исфрлен, а бојата на позадината сменета во светло сива.
1984
Орвеловата 1984-та донесе поелегантен дизајн на култното крилесто лого на Aston Martin со сиво-сребрно-црна колорна комбинација и поинакви букви на името на марката.
2003
Логото од 2003-тата претставува рафинирана верзија на претходното, со омекната и поедноставена форма.
2021
Новото избрусено лого на Aston Martin ја следи истата шема, со понатамошно поедноставување.