Бојата може да го поскапи или поевтини половниот автомобил
» На секој автомобил не му прилега секоја боја, но во последно време најпопуларни се белата, црната, сивата и сребрената. Но купувачите на автомобили со овие бои всушност ја намалуваат неговата вредност како половен, бидејќи ист автомобил со различна боја има и различна цена. Тоа никого не чуди, но ќе зачуди ако слушнете дека најдобра вредност имаат половните автомобили со светло кафеава беж боја, дури 27,6 отсто над просекот. Добра вредност држат и жолтите и црвените автомобили – за 13,8 односно 12,2 отсто повеќе.
Од друга страна, виолетовиот автомобил ќе вреди 8,9 отсто помалку од просекот за тој модел, а златниот за 6,1 отсто. Затоа, бојата треба да се бира со умот а не со очите.