Логично, но опасно
» Очигледно водејќи се со своите искуства од исплатените штети, германската осигурителна компанија Allianz има направено интересен краш тест со намера да ги предупреди сопствениците на автомобили од ризик за кој не ни помислуваат дека постои. Имено, секој совесен возач наесен монтира зимски пневматици кои до тогаш стоеле некаде на суво и мрачно место. Но нивното превезување до вулканизер не е едноставно – најчесто не ги собира во багажникот па задните седишта се соборуваат или пак се ставаат во кабината. Ново случај на сообраќајна несреќа пневматици можат да предизвикаат тешки повреди бидејќи ќе бидат фрлени нанапред како со катапулт. Науката вели дека еден пневматик при судар може да изврши притисок на наслоните на предните седишта од дури 750 килограми. Последиците од тоа можат да се видат во видеото ко е снимени при само 40 km/h. Затоа експертите на Allianz советуваат пневматиците да се превезуваат во багажникот положени еден на друг а оние што нема да ги собере да се стават зад наслоните на предните седишта.