Tags: , , ,
Како изгледа мотор на Lexus после 355.000 километри (видео)

Репутација на дело

» Додека Toyota ја изгради својата репутација на врвниот квалитет на механиката, Lexus е поставен да биде нешто над тоа, така што ништо покажано во ова видео нема да изненади. Но во овој случај се работи за високоперформансен 5,0 литарски V8 мотор од спортскиот IS F од 2008 година, кој воопшто не е гален. Напротив, тој дури и е и малку засилен – место стандардните 423 коњски сили е навиен на повеќе од 450, со цел да се извлече максимум од возењето. А тоа според бројачот на километрите траело 355.000 километри, од кои најмалку 72.000 возење „на нож“ на релија и тркачки патеки. Се разбира, на одржувањето во текот на сите тие илјадници километри е посветено максимално внимание.

И за крај – видеото е снимено при замена на заптивката на капакот на главата која испуштала масло, што значи дека овој мотор му се подготвуваат уште многу, многу километри.

коментари

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *