» , , , , , , ,
Без подмачкување, без ладење (видео)

Кој ќе издржи подолго?

» Маслото во автомобилските мотори има тројна улога – да подмачкува, да лади и да го прочистува моторот од остатоци на согорувањето. Течноста за ладење пак освен што лади, ја штити внатрешноста на моторите од корозија. Но и без да се знае сето ова, секому му е јасно дека системите за подмачкување и ладење се клучни за работата на моторите на автомобилите. Затоа и идејата да се провери колку може мотор да издржи да работи без масло и антифриз се чини луда.

Британците од Carwow сепак направја ваков тест на три автомобили од различно потекло – Peugeot 206, Ford Focus и Honda Civic. Резултатите можеби ги наслутувате, но сепак изгледајте го видеото до крај затоа што следи изненадување кое сигурно ниту на инженерите конструктори нема да им биде верно.

коментари:

Испрати коментар

Вашата е-мајл адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *