Ќе има ли доволно акции за сите?
» И италијанската влада посака да биде вклучена во новата заедничка компанија на FCA и PSA, која под името Stellantis треба да започна да делува од 16 јануари. Државните амбиции ги изрази заменик-министерот за економија Антонио Мисиани, кој кажа дека евентуалното присуство на италијанската држава во капиталот на новата група, слично на присуството на француската влада, не може и не смее да биде табу. Тој не прецизираше како државата Италија би дошла до своето учество но истакна дека инвестицијата може да се случи само под одредени услови кои во моментов не постојат. FCA и PSA одбија да ги коментираат цитатите на Мисиани.
Најголем акционер на Stellantis е холдинг-компанијата на семејството Ањели кое поседува 14,4% од акциите, додека во рацете на Франција се 6,2%.