Стартуваше електричната ера на Cupra
» Иако ја носи етикетата Made in Germany, Cupra Born има шпански гени и темперамент. Првиот електричен модел на марката и петти базиран на MEB платформата на групата наречен според квартот Ел Борн во Барселона го означува почетокот на електричната ера на Cupra, чие раководство очекува тој да учествува со 20 отсто од продажбата. Основната верзија ќе ги привлекува купувачите (или претплатниците) со електромоторот од 150 KS и пакетот батерии од 45 kWh доволни за 340 km автономија, додека најсилната достапна верзија при лансирањето ќе има 231 KS и автономија од 420 километри. Продажбата започнува во ноември.
Плановите на Seat предвидуваат Born од 2025 година да се произведува во Шпанија а Cupra од 2030 година да стане целосно електрична марка.