Цената ќе ве изненади
» Атрактивен, брз и скап – таков е Peugeot 508 PSE. На располагање е во две каросериски варијанти со плаг-ин хибриден погон комбинација на 1,6 литарски турбо бензинец и два електромотора кои заедно располагаа со 360 KS и 520 Nm, сосема доволни 100 km/h да постигне за експлозивни 5,2 секунди и да не застане до 250 km/h. Батеријата од 11,5 kWh му дава 42 km електрична автономија, погонот е на сите четири тркала, менувачот осумстепен, а опремата доста богата. Мора, како инаку би се оправдала цената која во Германија се искачи на 66.640 евра?