Заради што тежината на CO₂ е поголема од тежината на согореното гориво?
» Погледот низ техничките податоци на автомобилите открива математика може да делува збунувачки. Да земеме пример современ дизел автомобил кој троши 6 литри гориво на 100 километри и испушта 140 грама јаглерод диоксид. Ако ја земеме предвид густината на дизелот која според европските стандарди е дефинирана д 0,82 до 0,845 килограми за литар, се добива дека за еден километар се трошат околу 50 грама гориво, што е скоро три пати помалку од испуштениот CO₂. Ова се случува заради тоа што дизелот, кој е смеса на течни јагленоводороди, во процесот на согорување се претвора во јагленород диоксид трошејќи голема количина кислород.
Погледнете го ова интересно видео за начините за намалување на емисиите на CO₂.