Исто име, друг автомобил
» Веднаш по веста дека BMW продал милион електрични автомобили дознавме и за новата електрична верзија на серијата 3 која ќе помогне во исполнувањето на ветувањата дека баварската фирма до 2025-тата ќе го продаде и вториот електричен милион. Ја носи ознаката i3 која ние ја поврзуваме со сосема друг автомобил но никој нема да се збуни бидејќи е наменета за Кина. Официјални информации од BMW нема – сликите што ги гледате се од кинеското министерство за индустрија и информатичка технологија каде е објавена декларацијата за споменатиот модел. Од неа дознаваме дека е со подолго меѓуоскино растојание, дека има 340 коњски сили и дека постигнува максимални 180 km/h. Според дизајнот се разликува од европската верзија на серијата 3 која наскоро ја очекува обновување, така што засега може само да се запрашаме барем за две работи – дали вака ќе изгледа и обновената европска серија 3 и дали ќе има електрична верзија. Се надеваме дека нема многу да чекаме на одговорите.